Дали Apple ги тестира следните верзии на iOS и на iPhone?

The Next Web јавува дека девелопери ги споделиле апликациските логови во кои се зборува за нов iPhone идентификатор и за следниот голем софтверски апдејт за смартфоните и таблетите на Apple, iOS 7.

Анонимен девелопер ги споделил логовите со апликациски пребарувања на модел со iPhone 6,1 идентификатор, чија IP-адреса потекнува од кампусот на Apple во Купертино. Актуелниот iPhone 5 ги поддржува iPhone 5,1 или iPhone 5,2 идентификаторите, што значи дека можно е да станува збор за нов модел на популарниот смартфон, односно 6 или 5S.

Ова значи дека веројатно технолошкиот гигант ја тестира компатибилноста на дел од своите најпопуларни апликации со следната генерација на iOS. Може да се очекува Apple да ја претстави најновата софтверска верзија, iOS 7 на следната Worldwide Developers конференција, што традиционално се одржува во јуни. [Is Apple testing the next iPhone and iOS software?]

 

- Реклама -