Филмаџијата Кејси Нејстат стана познат со неговиот едноставен документарен филм кој ги следеше купувачите кои кампуваат со часови пред продавнците на Apple чекајќи го новиот iPhone 5s, но оваа приказна не им се допаднала премногу, па морале да ја променат.
Неговиот краток филм бил целосно променет од Apple и прикажан на вработените во продавниците како благодарност за успешно завршената работа за време на лансирањето на iPhone 5s, а неговото име воопшто не било споменато, ниту пак авторот Кејси Нејстат добил некаква надокнада за авторски права.
Затоа пак, Nokia ја користи целата приказна и му подарува нов Nokia Lumia 1020 кој има моќна 41 мегапикселна PureView камера за да продолжи и понатаму да ја следи вистината околу Apple и iPhone.
Секако Нејстат е разочаран од начинот на кој Apple постапил со неговото авторско дело но, нема да покрене тужба против нив. Во продолжение погледнете го и спорниот документарен филм „The Dark Side of the iPhone 5S Lines“.
[youtube]http://youtu.be/rRwcIumf-mI[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk