Се уште сте заглавени со стариот iPhone кој работи бавно како да сте го потопиле во смола? Не губете надеж.
Според 9to5Mac, Apple планира нов софтверски апдејт кој значително ќе придонесе ајфоните и ајпедите да работат многу побрзо. Како што се дознава од извори од инженерскиот тим на Apple, новиот iOS 9 апдејт ќе биде фокусиран на тоа да ги „испегла“ грешките и баговите и да ги забрза перформансите.
Претходните софтверски апдејти, како iOS 8, донесоа многу промени во изгледот и функциите на ејпл-овиот оперативен систем, но iOS 9, кој е најавен за во Јуни, ќе биде целосно фокусиран на брзината. Како и претходните надградби, iOS 9 ќе биде бесплатно достапен за корисниците на компатибилни модели на iPhone и iPad.