Apple планира да развие роботска рака


Американскиот технолошки гигант Apple планира да развие роботска рака контролирана од уред сличен на iPad, пишува агенцијата Bloomberg News, повикувајќи се на извори.

„Apple Inc., во потрага по нови извори на приход, продолжува да развива скап десктоп домашен уред кој комбинира дисплеј сличен на iPad и роботски екстремитет“, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извори.

Во инфорамацијата на агенцијата се забележува дека тим од неколку стотици луѓе работи на создавање на роботската рака. Според агенцијата, уредот треба да стане команден центар за проектот паметен дом. Покрај тоа, новиот развој може да се користи за видео конференции и далечинско управување со домашна безбедносна опрема.

На почетокот од август беше објавено дека нето добивката на „Apple“ во првите три квартала од американската фискална година 2023/2024 година, која завршува на 29-ти јуни, е намалена за 6,7 отсто на годишно ниво и достигна 79 милијарди долари.

Компанијата „Apple“, основана во 1976 година, произведува персонални и таблет компјутери, аудио плеери, телефони, паметни часовници и софтвер.

- Реклама -