Апсење на патарина кај Велес, полицијата фатени двајца дилери на хероин од Прилеп (ВИДЕО)

Попладнево, на патарината кај Велес, се уапсени дилери на хероин од Прилеп, потврди Министерството за внатрешни работи, откако информацијата се појави во неколку медиуми.

„Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин“, потврдиле од МВР за „Телма“.

Од министерството потенцираат дека оваа полициска акција не е поврзана со заплената на марихуана кај Плетвар, а повеќе детали најавуваат за утре.

Порталот „Медиа.мк“, пак, објави и ексклузивно видео од апсењето на, како што велат, „познат дилер на хероин“. Ќе го најдете ТУКА.

Прочитајте и:  Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи, имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал
- Реклама -