Арбелоа свика кризен состанок.

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа состанок со своите играчи по вториот последователен пораз во домашниот шампионат, пренесе радиото „Кадена Копе“.

В претходното коло, „Кралскиот клуб“ забележа загуба од Хетафе со 1:0, а пред тоа доживеа пораз од Осасуна со 2:1. Оваа серија неуспехи ја зголеми предноста на Барселона на четири бода.

Додатната напнатост поради вториот пораз во низа ја заостри кризата во клубот.

Според шпанските медиуми, во понеделникот, Арбелоа разговараше со играчите во обид да го раздвижи тимот.

Густиот распоред дополнително ја комплицира ситуацијата. Во петок, Реал Мадрид гостува кај Селта во Виго, а потоа следуваат осминафиналните натпревари со Манчестер Сити, дуелот со Елче во Мадрид, па реваншот со „граѓаните“ во Лигата на шампионите.

Пред репрезентативната пауза, планирано е градското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетико Мадрид.

Foto/ EPA