Трејлер: Arbitrage

Режисерското деби на Николас Јаречки – Arbitrage, е тензичен и шармантен филм за љубовта, верноста и моќта на парите. Станува збор за спој од акција и трилер, кој на гледачите ќе им понуди адреналин на точење.

Arbitrage прво ги запознава гледачите со американскиот магнат Роберт Милер, и тоа на прославата на неговиот 60-ти роденден. Тој е слика и прилика на бизнисмен кој наоѓа совршена рамнотежа меѓу кариерата и семејниот живот. Но реалноста е многу поинаква, затоа што Милер со сите сили се обидува да ја продаде својата империја на една голема банка, пред да се обелоденат сите негови финансиски измами…

Филмот ќе биде премиерно прикажан во светските киносали на 14 септември, а главните улоги ги толкуваат Ричар Гир, Сузан Сарадон, Тим Рот, Брит Марлинг и Летиција Каста.

{youtube}sqlNMDl8BBA{/youtube}

- Реклама -