Аргентина „ќе размислела“ за БРИКС, обландира Лавров

Буенос Аирес има време да размисли за својот однос со организацијата БРИКС, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Аргентина одлучи да одвои време за повторно да размисли, но земјите од Латинска Америка имаат силен интерес во нашата група. Пристапот на нови членови ќе ја направи работата на организацијата поразновидна“, рече Лавров на состанокот на „Единствена Русија“.

Според него, договорите на толку голема група земји ќе имаат поголема тежина.

„Кога земјите кои не делат исти позиции работат заедно и постигнуваат консензус, таквиот консензус е од големо значење. Тоа е посилно и посигурно од одлуките на некои западни групи кои се носат по налог на хегемонот“, рече Лавров.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

Министерката за надворешни работи на Аргентина, Дијана Мондино, на крајот на ноември изјави дека земјата нема да се приклучи на организацијата БРИКС

- Реклама -