Архитект си изгради куќа – приколка, за да не зема хипотека

Архитектот од Ајдахо Мејси Милер решила да се спаси од плаќање на кирија и донесувањето на хипотека за заем, така што самата  си изгради куќа. Живеалиштето, наречено Tiny House, ја  чинело само 11 416.16 долари и  една сериозна повреда. Откако останала разведена, невработена и го загубила својот дом, Милер решила да  си изгради дом од соништата. Куќата, која е изградена врз приколка, се гордее со тоалетот за 2000 долари – најскап  од целата изградба.

Првично Мејси инвестира 10 000 долари во домот. Во него таа располага со електрична енергија, кујна и дури употреблива бања. Таа го  користи сиот достапни простор за складирање на своите  лични предмети. За време на изградбата сепак Милер била подложена на  инцидент. Таа паднала  од покривот и добила  повреда, што ја принудила  да се движи со патерици со недели.

5(277) 1(347) 2(333) 4(305)

- Реклама -