Арсенал ќе формира гард на честа за Ван Перси и Манчестер Јунајтед

Во недела Манчестер Јунајтед како шампион ќе отпатува на Емирати, Арсен Венгер потврди дека тие ќе го формираат традиционалниот гард на честа кој го добива тимот кој во претходното коло ја заверил титулата.

Во недела Робин ван Перси за прв пат се враќа на Емирати откако го напушти Арсенал, Холанѓанецот доаѓа во дресот на Манчестер Јунајтед и тоа како шампион.

Неговите поранешни соиграчи ќе го формираат традиционалниот гард на честа кој го добива шампионот.

„Сакам традициите во англискиот фудбал да бидат почитувани” – одговори Венгер на прашањето дали неговите играчи ќе формираат гард на честа.

„Го почитуваме Робин ван Перси како и секој друг фудбалер кој заминал од Арсенал и подоцна се вратил да игра на овој стадион. Сакам фудбалерот да биде почитуван”.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда

„Тој е голем талент со техника од светска класа и огромно искуство со националниот тим и во Лигата на Шампионите. Не се сомневав дека ќе се адаптира”.

„Мислам дека Арсенал имаше позитивно влијание на животот и кариерата на Робин ван Перси”.

„Секогаш ви недостасува таков фудбалер, но мислам дека се стабилизиравме. Во одлична серија сме. Имаме добро ниво на самодоверба и голема желба за победи”.

„Потребни ни се одлични перформанси за да го победиме Манчестер Јунајтед. На тоа ќе се фокусираме”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -