Арсова го развеа македонското знаме на Антарктикот и влезе во македонската и светската историја (ФОТО)

Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4892м на Антарктикот, со ладни раце, но топло срце, со право се пофали алпинистката Илина Арсова на друштвените мрежи.

Со искачувањето на врвот Винсон, таа го комплетира предизвикот наречен „Седум врвови“, кој се однесува на седумте највисоки врвови на секој од седумте континенти. Со ова Арсова стана првата жена од Македонија и една од 60-те во светот што го остварила тоа (по Меснерова листа, која го вклучува Пунчак Џаја во Индонезија – 4.884 m, наместо Кошиушко во Австралија –  2.228 m), како врвен успех во планинарските спортови.

„Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу волја, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат!“, порача Арсова.

- Реклама -