Астон Вила купи бек од Бетис за 15 милиони, а лови уште два играчи за – 90 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Астон Вила го донесе првото зимско засилување, па нов член на бирмингемскиот клуб е Алекс Морено (29) од шпански Бетис, кој за трансферот добива 15 милиони евра.

Морено денеска го промовираа во Бирмингем, а Бетис освен отштетата ќе добие дополнително и два милиони евра во бонуси. Шпанскиот лев бек сезонава е еден од најдобрите на својата позиција, а продажбата беше очекувана за да се испеглаат дуплите во финансиските книги, но и зелено-белите да не ги продадат своите два најдобри играчи, Борха Иглесијас и Гвидо Родригез.

- Реклама -