Астронаутите веќе никогаш нема да бидат исти: НАСА ги претстави новите вселенски скафандери

До сега, првата асоцијација на астронаут ни беше човек во бел заштитен скафандер. Во блиска иднина, ќе има мали промени.

НАСА ја претстави втората верзија на новите вселенски скафандери дизајнирани за астронаутите што ќе одат на Марс. Скафандерот е наречен Z-2, а од НАСА се надеваат дека еден ден новоразвиената заштитна облека ќе ги заштитува астронаутите во посета на „црвената планета“.

mars-suit

spacesuit28n-1-web[1]

Една од најважните карактеристики на новите скафандери е флексибилноста – тие дозволуваат многу повеќе простор за движење отколку што тоа го дозволуваа добропознатите бели вселенски костуми, особено од половината надоле.

nasa-spacesuit[1]

Скафандерот има и систем за ослободување од јаглерод-диоксидот, а новиот вентилациски систем спречува потенцијални истекувања како оние кои до сега загрозија неколку астронаути во минатото. Скафандерот е тежок околу 63 килограми, а визорот има пошироко видно поле од сите претходни модели. Во горниот дел се употребени и делови направени со помош на 3D принтери.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс
- Реклама -