Двајца поранешни инженери од Apple ги здружија силите и создадоа Astropad, апликација за iPad и Mac компјутери. Програмата го претвора iPad во графички таблет, а верзијата за Mac го прави компатибилен и со софтвер како Adobe Photoshop. Апликацијата овозможува детални информации за притисокот и прецизноста на работата, а креаторите на Astropad тврдат дека тоа е корисно не само за контрола и уредување на слики, туку и за посложени задачи како илустрација и сликарство.
Апликациите за iPad и Mac работат заедно со Wi-Fi и USB конекција преку сопствената технологија LIQUID. Таа им овозможува работа при чувствителност 60 fps за разлика од AirPlay која нуди само 30 fps. Програмерите вградиле и бројни удобни оптимизации – забрзување преку вградени процесори на графичката картичка, корекција и синхронизација на боите и оптимизиран код за максимална енергоефективност. Astropad се одржува од сите iPad уреди со iOS 8 и сите Mac компјутери со верзија 10.9 (Maverick) или понова.
Апликацијата за iPad може да се инсталира бесплатно од iTunes, додека верзијата за десктоп компјутери чини 49,99 долари. Има попуст за едукативни цели, со што се намалува цената до 19,99 долари. Исто така е можно да се проба за 7-дневен период без надомест.