Атал се извини за видеото во врска со израелско-палестинскиот конфликт

Фудбалерот на Ница, Јусеф Атал се извини за неговите зборови за конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Пред два дена, 27-годишен Алжирец објави видео на социјалните мрежи во кое повикува на „црн ден за Евреите“. Играчот подоцна го избриша видеото.

Градоначалникот на Ница го повика фудбалерот да се извини и му се закани со исклучување од клубот.

– Сфаќам дека мојата публикација шокираше многу луѓе, што не беше моја намера. Се извинувам за ова. Би сакал јасно да го изразам моето недвосмислено гледиште: силно ги осудувам сите форми на насилство, каде и да се случуваат, и стојам покрај сите жртви. Никогаш нема да поддржам говор на омраза. Мирот е идеал во кој цврсто верувам, напиша Атал на социјалните мрежи.

Прочитајте и:  Хезболах објави дека влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар

Поради воените дејства, сите спортски натпревари на израелските екипи се одложени на неодредено време.

МИА

- Реклама -