Погледнете неколку видеа од остроумниот комичар Pat Condell. Видете што тој има да каже за атеизмот и религијата и не заборавајте да се насмеете на духовитите забелешки! Како дополнителна опрема на овој пакет ви ги пренесувам и мислите на Вуди Ален, Исак Асимов и…..
{youtube}_bjOyt9PBzA{/youtube}
За вас сум атеист, ама за Господ сум лојална опозиција.
Вуди Ален
Сакав да станам атеист, ама се откажав – немаат празници.
Комичарот Henny Youngman
Одговорот на прашањата…
{youtube}y4mWiqkGy-Y{/youtube}
Не верувам во задгробен живот, па не морам да го поминам животот плашејќи се од пеколот, или уште повеќе, од рајот. Какво и да е мачењето во пеколот, мислам дека здодевноста на рајот е уште полоша.
Кога во Северна Ирска кажав дека сум атеист, една жена од публиката стана и ме праша: "Да, ама не верувате во богот на католиците или во богот на протестантите?"
Квентин Крисп
За култот скиентологија
{youtube}JzMHrVCgU38{/youtube}
Можеби кога ќе умреш, ќе застанеш пред голем, забраден човек седнат на голем трон и ќе прашаш, "Дали е ова рајот?" А тој ќе рече: "Рај? Па, ти само што дојде од таму!"
Кирк Даглас