Audi го претстави Prologue и на Desing Miami

Откако го претстави актуелниот концепт Prologue неодамна во Лос Анџелес, Audi одлучи да го покаже стилскиот модел на уште една врвна манифестација. Тоа се случи во рамките на форумот Design Miami, каде се претставуваат последните креации во модерната уметност.

Создаден да го навести идниот дизајнерски јазик на марката, студијата има само две врати и е малку пократка од најрепрезентативната лимузинска изведба, моделот A8. Визуелно, предницата повторно се обложува на карактеристичната за Audi голема маска, но сега формата и нејзините пропорции се малку различни. Компанијата има поставено доста големи 22-инчни тркала, кои изгледаат по мерка на каросеријата.

Внатрешноста е прилично едноставна и има типични за концептот прави и мазни површини, со функционален распоред. Погонот е доверен на 4.0-литарски V8 мотор кој располага со 605 КЅ. Тој работи во тандем со 8-брзински автоматски менувач, што овозможува забрзување од мирување до 100 km/h за 3,7 секунди.


- Реклама -