Американската поделба на Audi ја претстави специјална верзија на каросеријата RS5, која го носи името Sport Edition. Моделот ќе биде пуштен во ограничен број од 75 единици.
Лимитирана специјална верзија Audi RS5 Coupe Sport Edition е развиена од студиото Audi Exclusive. Од стандардната машина таа се разликува по специјалната колорит на каросеријата во сиво – Daytona Gray или Nardo Gray, 20-инчни фелни од лесна легура со V облик краци и црвени апарати на системот за сопирање. Во ентериерот се кожните спортски седишта, од црвена и црна кожа Nappa, како и спортски управувач со перфорирана црна кожа.
Под хаубата на автомобилот е поставен 4.2-литарски V8 со моќност од 455 КЅ и максимален вртежен момент од 429 Nm. Тој работи во комбинација со 7-степен менувач S tronic и систем за погон на сите тркала. Од 0 до 100 km/h машината забрзува за 4.5 секунди, а максималната брзина е ограничена по електронски пат на 280 km/h.