Audi Q1 ќе има две набилдани верзии

Новиот кросовер Audi Q1, кој треба да излезе на пазарот следната година, ќе се нуди и во две набилдани верзии – S Q1 и RS Q1. Двете модификации ќе се појават една година по стандардниот модел.

Audi SQ 1 ќе добие 4-цилиндерски дизел мотор 2,0 TDI со две турбини, а моќта ќе достигне 231 КЅ. Топ верзија Q1 RS ќе се потпира на 2.0-литарски TFSI бензински мотор, кој ќе развива 310 КЅ и 379 Nm вртежен момент. За новиот кросовер се знае дека ќе биде на платформата MQB, чии димензии за оваа цел може да бидат намалени.

842_Audi-470-2

Според димензиите кросоверот ќе се доближува до Audi A3, а токму од него ќе ја добие палетата мотори. Основната верзија ќе биде со преден погон, а системот за погон на четири тркала quattro ќе се нуди како дополнителна опрема.

Надворешноста на новиот модел се развива од новиот шеф дизајнер на Audi – Марк Лихте, кој го создаде Volkswagen Golf VII. Според неговите зборови, возилото ќе биде ориентирано претежно кон млади купувачи, а екстериерот ќе се доближува до концептот Crossline Coupe.

- Реклама -