„Што ако Avengers беа сместени во феудална Јапонија наместо модерен Њујорк?“ не е наслов на стрип сместен во алтернативна реалност туку само концепт на Алекс Мичел.
Неговите дизајни го менуваат изгледот на целата група со облека, оружја и моќи соодветни за Сенгоку периодот и јапонска митологија. Најинтересен е Hulk кој користи магија за да заробува чудовишта познати како Каибатсу во своето тело и користи Будистички бројаници за да ги контролира своите емоции. [‘The Avengers’ Reimagined As Japanese Warriors]