Авганистан: Талибанците убиле член на семејството на дописник на Дојче веле

Берлин, 20 август 2021 (МИА) – Германската медиумска куќа Дојче веле објави дека талибанците отвориле оган и убиле еден член на семејството на нејзин дописник, а друг член бил повреден.

Дојче веле објави дека талибанците извршиле претрес во домот на дописникот и го барале новинарот, кој веќе е префрлен во Германија. Членовите на неговото семејство успеале да побегнат.

Директорот на Дојче веле Петер Лимбург го осуди убиството и додаде дека тоа е доказ за непосредната опасност по вработените и нивните семејства во Авганистан.

„Талибанците очигледно спроведуваат организирана потрага по новинари во Кабул и провинциите“, посочи Лимбург, додавајќи дека талибанците изминатите денови извршиле претрес во домовите на уште тројца новинари на Дојче веле.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Медиумската куќа не го откри идентитетот на новинарот и местото каде се случил инцидентот.

- Реклама -