Авганистан: „Власта на талибанците нема да опстане ако ги повторат грешките“

Исламабад, 19 август 2021 (МИА) – Делегација на истакнати авганистански лидери и функционери предупреди денеска дека талибанската влада нема долго да опстане, доколку ги повтори грешките од минатото.

Делегацијата, предводена од претседателот на авганистанскиот Парламент – Мир Рехман Рехмани, денеска разговараше со новинарите во Исламабад по средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан и други владини и воени претставници, а состанокот се одржа оваа недела.

Поранешниот авганистански потпретседател Мохамед Јунис Кануни изјави дека идната влада во Авганистан треба да биде инклузивна, со учество на сите етнички групи.

„Ние сме против владеење на една партија или група“, истакна Кануни.

Познатиот политичар Калид Нур рече дека талибанците не можат насилно да владеат во Авганистан и предупреди дека нивната власт ќе биде краткотрајна доколку не ги почитуваат човековите права.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи
- Реклама -