Ако родителите немаат син, семејството е „нецелосно“, смета партирајхалното општество во Авганистан, а тоа директно се има одразено врз 13-годишниот Мангал Карими. Или подобро речено, 13-годишната.
На прв поглед Карими е како и секое друго момче од авганистанските села во западниот дел на земјата. Облечен во фармерки и обична бела маица, тој брза да донесе дрва за огрев или да ги нахрани животните на фармата на татка си.
Но, до свои 2 години, Мангал го носел името Мадина, бидејќи тој е всушност е една од 7-те ќерки во семејството, во кое вистински (биолошки) син – нема. Поради тоа Мадина била избрана од родителите да расте и живее како момче. Тоа е дел од авганистанската традиција наречена „бача пош“, израз кој буквално се преведува како „облечена како момче“, пишува CNN.
Па така, откако знае за себе, Мангал ги крие долгите коси под волнената капа, носи широки јакни и панталони и му помага на татко си околу фармата и другите селски работи.
Во изразито патријархалните авганистански семејства, синовите се ценат многу повеќе од женските деца, до степен што, како што рековме погоре, семејствата без машко дете се сметаат за некомплетни. Девојчињата се растени и воспитувани со мислата дека се товар на семејството. Жените не можат да работат и заработуваат пари за да го прехранат семејството, ниту пак можат да живеат сами. Токму затоа многумина од нив и доброволно избираат да станат дел од вековната традиција и да прифатат момчешки живот.
Мангал ужива да игра фудбал со другите момчиња од селото, каде таа е единствената „бача пош“. Но, кога не работи на фармата со своите родители, Мангал оди во женско училиште. Сепак, и таму оди во машка облека и со своето машко име.
Трасформацијата во „бача пош“, меѓутоа, е привремена. Децата се очекува по влегувањето во пyбepтет да се вратат кон своето „вистинско јас“ и одново да започнат да живеат како женско. Тоа, очекувано, се покажува како доста тешко за многу од авганистанските девојчиња кои долги години живееле како момчиња.
Пред Мангал, во семејството се родиле две девојчиња, а родителите упорно сонувале за момче. Кога се родила и таа, родителите веќе немале трпение да чекаат машко дете, па решиле неа да ја претворат во „бача пош“.
„Ја направивме момче за да му помага на татко ѝ“, вели Амена, мајката на Мадина. „Ја претворивме мојата ќерка во син, за да ми носи вода и храна додека сум во пустината и работам“, вели татко ѝ Кхода.
За семејството, Мангал е само уште еден пар работна рака. Таткото сепак тврди дека ја сака малку повеќе од останатите шест ќерки, но само затоа што му помага. „Инаку нема разлика меѓу нив“, вели тој.
И покрај тоа што во јазикот „дари“ кој го зборуваат, нема „тој“ или „таа“, Мангал е категоричен дека сака да му се обраќаат со неговиот машки идентитет. Но истовремено, како што и самиот вели, ќе биде подеднакво радосен и кога еден ден повторно ќе се врати во женска облека, кога ќе порасне. Родителите исто така немаат дилема дека неговиот пол по раѓање – женскиот, останува непроменет.
Сфаќањата кон „бача пош“ кај различните традицонални семејства е различно. Некои семејства се срамат и го кријат фактот дека воопшто имаат ќерки, додека нивните ќерки се маскирани во синови. Други пак, се гордеат што нивните ќерки добро се снаоѓаат и во машкиот живот и рамноправно се борат во машкиот свет.