Авио-компанија ги израдува своите патници со куп подароци

250 среќници се вратија дома со полни раце поклони.

Авио-компанијата WestJet ги израдува своите патници со неверојатно пријатен гест. Оние што налетаа на инсталираната „Кутија за желби“, каде му ги пренесоа своите желби на компанискиот Дедо Мраз, беа трогнати кога на крајот на летот сфатија дека желбите им се исполнети. А имаше секакви, од скромни како шал и чорапи, до најнови таблети и плазма телевизори.

aviokompanija-praznicni-poklon-610x457[1]Компанијата не соопшти колку ги чинеше овој маркетингшки гест, но призна дека бил планиран уште од Август и дека биле вклучени 175 волонтери. Браво за WestJet и добро-завршената работа.

- Реклама -