Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена

Во името на Централната изборна комисија би сакала да информирам дека по завршување изборниот процес и гласањето за избор на претседател на СДСМ, пристигнат е само еден приговор.

Примерите коишто се наведени се веќе јавно соопштени од Комисијата, тие се незначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес.

Прв пример којшто е наведен е број на членови кои побарале да им биде овозможено гласање иако не биле на избирачкиот список.

Уште вчера, во текот на денот Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51 кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список.

На 7 им е прифатено барањето а 44 се одбиени. Затоа што по проверка во системот се констатираше 7 се акредитирале а 44 дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација.

Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот.

Прочитајте и:  Филипче: Избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет, многу знаење и искуство

Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. За дополнителна транспарентност и можност којашто им беше оставена да гласаат сите контролори еден ден пред изборите, односно на 29.06.2024 година.

Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ.

Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера.

Ги соопштивме веќе првичните резултати од преброени 95% од гласовите, по пристигнување на сите записници и увид во избирачкиот материјал ќе ги соопштиме и конечните резултати.

Одзивот и излезноста на членовите, претседател на партијата е избран и нема потреба од втор круг затоа што согласно Правилникот и Статутот на СДСМ оној кандидат којшто освоил над 50% од гласовите на излезените членови.

Волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена.

 

Прес-конференција на Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателка на  Централната изборна комисија

- Реклама -