Аврил Лавињ кажа „Да“ во црна венчаница

Таа стана позната по нејзиниот rock ‘n’ roll стил уште кога за прв пат се појави на малите екрани. Така, не беше изненадување што Аврил Лавињ не се појави во традиционална бела венчаница на нејзината свадба во понеделникот со фронтменот на Никлбек, Чед Кругер. Новите фотографии покажуваат дека 28-годишната пејачка заблеска во црн венчален фустан додека го кажува судбоносното „Да“ во еден прекрасен музеј во јужна Франција.

- Реклама -