Австралија планира да ги промени регулативите, сè со цел да им се придружи на Канада и Холандија во продажбата на производи од домашно производство. Ама не е само Австралија. Слични планови имаат и Уругвај, Израел и Македонија…
Се зезаме за Македонија, за жал.
Австралискиот министер за здравје Грег Хант изјави дека со ваквиот потег властите ќе им помогнат и на домашните пациенти.
Австралија го легализираше користењето на медицински канабис во 2016-та година, додека рекреативното консумирање на марихуана и натаму е незаконско.
„Нашата цел е јасна, а тоа е на австралиските земјоделци и производители да им овозможиме сè што можеме за да станеме водечки светски извозник на медицински канабис“, вели Хант.
Со ваквата промена ќе се стимулира и локалната индустрија, а ќе им користи како на пациентите, така и на компаниите во Австралија, пренесува BBC.
Порано неделава Калифорнија стана најголемата сојузна американска држава што го легализираше рекреативното користење на канабис.