Австралијка забременила двапати за 10 дена?

_92459950_ad1deb38-669d-4e58-9f4c-6e42df94df2c[1]

Австралијка на која лекарите ѝ рекле дека никогаш нема да забремени, роди близнаци зачнати со десет дена разлика, соопштува ВВС.

Кејт Хил била подложена на хормонално лекување на синдромот на поликистозни јајници. Близнаците се зачнати во различно време, иако во овој период Хил само еднаш имала секс, нормално, без заштита.

Ретката состојба е позната како суперфетација, и овозможува зачнување по втор пат во текот на бременоста. Поточно, суперфетацијата е симултана појава на повеќе од една фаза на развивање на потомство во едно исто животно. Кај цицачите се манифестира со формирање на ембрион додека друг ембрион или фетус веќе се развива во матката.

Како и да е, близначките Шарлот и Оливија се родиле пред десет месеци, и тоа со со различни големини, тежина и развој.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

_92459952_5ee254e9-73d1-4806-817b-36f80f723bcc[1]

„Не сфаќавме колку посебен е нашиот случај, сé додека не се родија“, вели Хил. Бременоста обично го запира месечниот циклус на овулација, но суперфетацијата овозможува тој да продолжи. Само десет случаи од феноменот се документирани во целиот свет.

Гинекологот на двојката – Бред Армстронг, вели дека состојбата е толку ретко што морал да гугла на интернет.

„Не можев да најдам никаква литература во медицинските сајтови“, признава тој.

- Реклама -