Австрија и Бугарија со поддршка за Северна Македонија во ЕУ, но со една „мала“ разлика

Бугарија и Австрија го поддржуваат европското членство на Северна Македонија, беше декларирано при средбата во Виена на бугарскиот претседател Румен Радев со австрискиот колега Александер ван дер Белен.

По билатералните разговори, двајцата претседатели се заложија за обединета и силна Европа и за европската перспектива на Западниот Балкан. И Софија и Виена се „за“ членство на Скопје во Унијата, но има нијанси кои ги разликуваат нивните позиции, пишуваат бугарските медиуми.

„Сите знаеме дека сѐ уште има одредени културни и политички прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија и меѓу Северна Македонија и Грција. Но, тоа не треба да пречи на почетокот на преговорите за членство во Унијата“, изјави Ван дер Белен.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

„Република Северна Македонија ќе ја има нашата поддршка под јасни услови кои се однесуваат на нашата заедничка историја и јазик“, рече неговиот бугарски колега Румен Радев.

- Реклама -