Автобуси кои под нив автомобилите ќе можат да возат (видео)

Повеќе...Кина никогаш не престанува да изненадува со нејзината технологија. Нивниот проблем со сообраќајот ќе го решаваат со ова чудо на технологијата – автобуси кои под нив ќе возат автомобили.

Кина никогаш не престанува да изненадува со нејзината технологија. Нивниот проблем со сообраќајот ќе го решаваат со ова чудо на технологијата – автобуси кои под нив ќе возат автомобили.

Кина, со својата растечка економија и популација, се соочува со сериозни проблеми во сообраќајот. Голема причина за ова се автобусите на патиштата, кои предизвикуваат голем застој. Но, репортерите во Кина кажуваат дека компанијата „Shenzhen Huashi Future Parking Equipment“ го има решението.

giantbus

Компанијата има предлог да направи автобуси под кои ќе можат да возат автомобилите. Мега автобусите ќе имаат капацитет да превезат од 1.200 до 1.400 патници истовремено. Патниците ќе можат да се качуваат и да излегуваат од овие автобуси преку терминалите кои ќе бидат над патот, овозможувајќи останатите возила да не застануваат. Друга опција, пак, е патниците да влегуваат и излегуваат со вградена скала.

Според компанијата, има два начина за тоа како безбедно да се управува автобусот. Шини можат да се инсталираат на двете страни од патот или пак да се нацртаат бели линии на двете страни од автобусот и да се воведе „авто-пилот“ технологија. Методот со шините е поверојатен, затоа што заштедува 30% од енергијата. Овие автобуси нема само да овозможат поголем простор на патиштата, туку и ќе заштедат многу енергија, бидејќи ќе бидат на електрична и соларна енергија. На секој терминал автобусот ќе се наполни со помош на конектор на покривот. Ова напојување ќе овозможи автобусите да заштедат 860 тони гориво на годишно ниво и да ги намали штетните гасови дури до 2.640 тони.

Идеата за 3Д Брзите Автобусти (како што сега се нарекуваат), не е толку невомзможна. Проектот ветува намалаување на сообраќајниот метеж за 20 до 30 %, а неговото градење би чинело само 10% од сумата која би била потребна да се изгради еквивалентна подземна железница. Со ова, не е ни чудо што веќе има пилот за овој проект. Проектот ќе почне со конструкција на крајот на годината и ќе има рута долга 186 километри.

Видеото е на кинески (големо извинување), ама навистина е многу кул:)
{youtube}5l8WXStaafw{/youtube}

[Chinese company proposes a bus cars can drive under]

- Реклама -