Што сѐ може да се купи од автомат во Јапонија

Јапонија е дефинитивно земјата на автоматите. Додека во повеќето европски земји изборот е лимитиран на сокови, ладни сендвичи, грицки и чоколатца, може навистина да се изненадите од тоа што сѐ може да купите низ автоматите по улиците на оваа азиска земја.

Очигледно не ни се потребни луѓе за да ни продаваат месо, овошје и зеленчук, кога наместо тоа, овие продукти може да ги купиме од автомат. Тие што мора да го допрат овошјето или зеленчукот пред да го купат, за да провераат колку е сочен или мек, ќе мора да го скршат стаклото.

Уште еден бизарен производ што може да се купи од автомат се јајцата.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Сладоледи, цвеќиња, сувенири, играчки за деца, млеко, сокови, алкохол, филмови, маички, батерии, чадори, гумени ракавици, брза храна, долна облека и многу други необични нешта се вбојуваат во палетата производи што може да се купат од автомат. Главна причина за успехот на овие машини на јапонско тло е нивната огромна распространетост.

Конечно, од автомат во Јапонија може да купите и играчки за возрасни, со кои ќе си ги исполните сексуалните фантазии ако тие вклучуваат костими на лекари или медицински сестри меѓудругото.

- Реклама -