Една чудна идеја на Марк Вилсон, кој ја предложи на Cadillac предизвика многу контроверзности во автомобилскиот свет. Од гигантот сепак немаат коментар!
Од ден во ден стануваме сведоци на страшно чудни идеи во светот на автомобилскиот дизајн, но неодамна наидовме на навистина неконвенционална, во крајни граници, генијална идеја, која е дело на Марк Вилсон. Што ќе кажете за автомобил кој се разделува на два дела и се претвора во два мотоцикли?
Марк креира во полето „Creative director for a day“ за Fast Company. И така замислил да се поврзе со Cadillac и да им го понуди овој чуден автомобило-мотоцикл. Тој дури отишол во дизајнерскиот оддел на американската компанија и им раскажал за својот дизајн. Автомобилските експерти го прифатиле, но со доза на недоверба, да не речеме скептицизам!? Марк сепак не се откажал и се поврзал со Argo Design кои создале тридимензионална слика што креаторот ја покажа и на други компании на автосалонот во Њујорк. Дали постои било каква иднина за овој чуден дизајнерски проект?