Деновиве се одржа првата средба на сопствениците на социјалистички автомобили во САД. Локалниот клуб, создаден пред само неколку месеци го носи името Classic Car Club of Pacific, или накратко CCCP.
Во предметниот клуб членуваат сопственици на такви машини од државите Вашингтон и Орегон. Самиот настан се одржа на брегот на Пацификот, а во него се вклучија десетици автомобили.
– Старите американски автомобили дефинитивно привлекуваат внимание на патиштата во Европа и Русија. Истото е со социјалистичките автомобили во САД, вели еден од учесниците на оваа парада.
Од информациите, станува јасно дека повеќето од старите руски автомобили во САД се увезуваат од земји од Европа, бидејќи така се штедат голем број такси, царини и нервози. Повеќето од машините се стари над 25 години, но поради доработките изгледаат како нови.
– Овие автомобили не се користат секојдневно, само како атракција, за време на викендите и на настани, бидејки деловите и одржување во Америка се многу скапи, додава друг од учесниците и прецизира дека повеќето од сопствениците се луѓе од поранешните социјалистички земји, но има и Американци.