Автомобилот робот Navya Arma на патиштата во Швајцарија

popup_441_Navya-1000-1

Во историскиот град Сион во Швајцарија стартува со тест режим проектот на Федералното патно управување FEDRO, наречен SmartShuttle, со кој во моментов на улиците на градот се движат два електрични микроавтобуса Arma, производство на француската фирма Navya.

popup_454_Navya-1000-2

Возилото е со капацитет со места за 15 патници, од кои четири се за стоење, но за време на тестовите се ангажираат максимум девет лица, а максималната брзина од 45 km/h принудно е ограничена на 20 km/h. Иако Arma е целосно автономна, во внатрешноста постојано се наоѓа „водич за безбедност“, кој во случај на потреба е подготвен да ја повлече ненадејната сопирачка, а во останатото време им помага на патниците да влегуваат и излегуваат. Возилото се контролира далечински, има паник-копче, а патувањето е бесплатно.

popup_505_Navya-1000-3

Автобусчето не се движи само во понеделник и има само две фиксни постојки. Може да биде поврзано помеѓу нив со помош на специјална онлајн апликација за смартфон. Ако времето не е добро или пак состојбата на патот не дозволува, тест возилата не се движат.

popup_361_Navya-1000-4

Тоа засега е единствениот модел на брендот Navya, за нејзино создавање се потрошени речиси десет години, а претставувањето пред широка публика за прв пат се одржа во октомври минатата година. Машината измина 10.000 тест километри и превезе 25.000 патници. Димензиите се – 4.750 х 2.050 х 2.550 mm, а клиренсот е 200 mm. Подготвена за пат тежи меѓу 2.100 и 2.350 kg, а со корисниот товар 3.150-3.400 kg. Arma е опремена со активен оптички систем, ласери и камери, куп други сензори, GPS, климатизација и резервен акумулатор. Електромоторот е со моќност 15-25 kW (20-34 КС), електричната енергија е од литиум-железо-фосфатен акумулатор со капацитет од 33 kWh.

popup_967_Navya-1000-5

Целта на проектот SmartShuttle е замена на традиционалните градски автобуси со автономни електроавтомобили, а тестовите ќе продолжат до октомври следната година. За производството на компанијата Navya веќе се заинтересираните и Германците, па на хоризонтот се тестови и во Германија.

Автоплус

- Реклама -