Кога ќе се измеша креативноста со Инстаграм и списанието Polkadot, тогаш се создава интересна фото-колекција. Уредникот на овој магазин, Finnano Fenno со својата пасија кон автомобилите и користењето на хештагот #finnycar’, тој низ интернет пронаоѓа интересни и различни фотографии на автомобили кои се споделени од различни профили, ги преработува и од нив прави имагинативни портрети преку користење на наједноставните апликации во неговиот смартфон. Како што тој сам вели, „сега Вашите автомобили имаат смисла“, обраќајќи им се на нивните непознати сопственици.