Автомобилски седишта од иднината

Johnson Controls доби награда за проектот CAMISMA, за седиштата на иднината со 40% полесна структура на материјалот од карбон, кој не се „ткае“, туку се добива преку рециклирање.


Johnson Controls доби награда за еколошки развој, со проектот CAMISMA. Зад него се крие нов предлог за структура на седиштата во автомобилот, чија цел е драстично да се намали употребата на челик и лесни легури, кои ќе се заменат со нови, полесни материјали. На овој начин се постигнува намалување на тежината за 40% во однос на досега понудените  конвенционални производи. Името на проектот е кратенка од имињата на употребените материјали – Carbon-Amide-Metal-based Interior Structure using a Multi-material system Approach. Сите четири компоненти се комбинирани на принципот на слоевито полагање.

Спроведените во септември првични физички краш тестови покажаа дека прототипот на седиштето од овој вид ги исполнува најстрогите безбедносни барања и нуди врвен компдитет. Иновативниот метод на производство овозможува пласман на 200.000 парчиња годишно, а за прв пат е можна ефикасна употреба на карбон, кој во глобала ќе се извлекува од рециклирање на различни суровини.
- Реклама -