Снимено на 16 декември во Атланта, Џорџија, САД. Левата лента е очигледно блокирана, па откако Tesla-та е помината од уште едно возило, се престројува во лентата надесно. Погледнете што се случува:
Од перспектива на возачот ништо посебно не се случува. Но тоа што автопилотот на Tesla, го знае, благодарение на сензорите и радарите, е дека возилото пред автомобилот пред него нагло закочува, а овој вториов се движи пребрзо за да запре на време. Во истиот момент, Tesla-та ги активира сопирачките, додека возачот на Tesla-та сé уште не е свесен што напред се случува. На крајот, избегнат е верижен судир.