Сирупот е еднакво делотворен како и фабричкиот, но во неговиот состав влегуваат само природни состојки.
Состојки:
– 250 грама сиров мед
– 60 мл. екстра девствено маслиново масло
– три лимони, исцедени
Подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во мал сад и загревајте ги на тивок оган додека сирупот не започне да испарува. Тргнете го од оган и оставете го да се олади.
2. Сирупот ставете го мала тегла која добро ќе ја затворите. Можете да го чувате во ладилник три месеци. Користете го по потреба.
3. Децата можат да јадат до три лажички дневно. Возрасните можат по две. Пред употреба промешајте и загрејте. Користете го при првите знаци на настинка и грип.
4. Сирупот е добар и против алергии.