Бадемите го контролираат апетитот

Доколку сакате да ја држите гладта под контрола, секој ден јадете по 43 грама бадеми, велат лекарите.Тоа е отприлика една шака од ова овошје.

„ Конзумацијата на бадеми има позитивен ефект на намалување на лошиот холестерол (LDL) и ја подобрува чувствителноста на инсулин, па може да помогне во одбрана од развивање на шеќерни болести. Бадемите се здрав извор на влакна и протеини“, вели Ритеш Групта, лидер на истражувањето од болница во Њу Делфи.

Овие плодови во облик на солзи содржат влакна, рибофлавин, магнезиум и калциум. Бадемите имаат повеќе калциум од било кои плодови од овој вид: 75 милиграми на отприлика 23 бадеми, што значи дека се фантастичен избор за зајакнување на коските.

Освен тоа дневниот оброк на бадеми осигурува во организмот половина од потребните количини на витамин E, а истите се извор на витамини и го чуваат срцето.
Рекреативците и оние кои вежбаат секој ден можат да изедат една шака бадеми пред тренингот, како би ја осигурале потребната енергија, папонатаму да ја одржуваат силата.
Претходни истражувања покажуваат дека конзумацијата на бадеми може да му помогне на организмот во борбата против вирусни инфекции, како што се преладување и грип, а природната хемикалија која е пронајдена во бадемот поттикнува подобра реакција на имунолошкиот систем на споменатите инфекции.

Бадемите би можеле да станат омилена храна на мажите, со оглед на тоа дека нивното редовно конзумирање може да помогне за одржување на здрав и завиден сексуален живот.

- Реклама -