Баербок: Руските напади врз енергетските постројки се „брутален крах на цивилизацијата“

Руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура „се брутален крах на цивилизацијата“, изјави денеска во Букурешт шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок.

Нападите се „најбруталното кршење на меѓународното право што може да се замисли“, рече Баербок.

„Кога инфраструктурата е намерно бомбардирана, тогаш доброволно прифаќате децата, старите луѓе и семејствата да смрзнуваат до смрт, да умираат од жед и глад“, додаде таа.

Рускиот претседател Владимир Путин сака да го скрши ‘рбетот на украинското општество, заклучи шефицата на германската дипломатија, ветувајќи континуирана поддршка за Украина.

Баербок учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт, кои разговараат како да се зајакне заедничката поддршка за Украина во поглед на претстојната зима и интензивирањето на руските напади.

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО

Извор: МИА

- Реклама -