Баерн иницираше преговори со Гордон, Њукасл се договори да го продаде.

Ентони Гордон од Њукасл е прва цел на Баерн Минхен во текот на летниот преоден рок, известуваат неколку значајни германски и англиски медиуми.

Според новинарот Флоријан Плетенберг од германскиот „Скај Спорт“, „Венсан Компани веќе ја дал согласноста за трансферот на Гордон. Тренерот го поддржува доаѓањето на Англичанецот. Разговорите со неговите претставници се во тек, но контактот помеѓу клубовите сè уште не е воспоставен.“

„Њукасл ќе го продава Гордон на Баерн доколку Германците бидат подготвени да платат 75.000.000 фунти (околу 86.000.000 евра). Управата на клубот од „Сент Џејмс“ е свесна за интересот на Баерн, но нема официјален контакт. Се верува дека самиот играч е отворен за трансфер. Најавите се дека Баерн ќе предложи прва понуда од околу 60.000.000 фунти, која Њукасл веројатно ќе одбие“, пишува „Тајмс“.

Прочитајте и:  Јакимовски: Лукровски не се појавува на работа – побара реакција од институциите

„Сепак, Баерн моментално е фаворит за Гордон, пред Ливерпул и Арсенал. Претставниците на Гордон наскоро ќе се сретнат со луѓе од спортскиот оддел на клубот од Минхен.“

Според непотврдени информации, Гордон им дал согласност на своите менаџери да започнат преговори за личните услови.

Некои англиски медиуми тврдат дека Баерн е водечки во трката за потписот на Гордон, над Ливерпул и Арсенал, бидејќи политиката на Њукасл е да продава фудбалери на конкуренти од Премиер лигата.

Во тековната сезона, Гордон има постигнато 17 голови и пет асистенции.

Foto/ Depositphotos