Бајден нема во план да ја посети Украина, и покрај апелот на Зеленски

Американскиот претседател Џо Бајден моментално нема план да ја посети Украина иако беше поканет, или поточно повикан од украинскиот колега Володимир Зеленски, за самиот да види каква е ситуацијата таму, околу два месеца по почетокот на војната.

„Нема такви планови“, одговори портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, додавајќи дека Владата на САД е фокусирана на испраќање на воена опрема во Украина.

Сепак, доколку американски член на Владата отпатува за Украина, тоа ќе биде објавено откако би се вратил, поради безбедносни причини, посочија од Белата куќа.

Наводно, Вашингтон ја разгледувал можноста во Украина да го испрати министерот за одбрана Лојд Остин или американскиот државен секретар Ентони Блинкен, што, според медиумите, значи дека малку е веројатно самиот Бајден да отпатува во Украина во блиска иднина.

Прочитајте и:  Москва подготвува одговор на ракетните напади со ракети АТАКМС врз Курскиот регион

Извор: МИА

- Реклама -