Бајден до Нетанјаху: Дополнителна американска помош е на пат кон Израел

Дополнителна американска помош е на пат за Израел, нагласил денеска американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху .

„Претседателот Бајден го информираше премиерот за интензивниот дипломатски ангажман преземен од САД во последните 24 часа за поддршка на Израел. Претседателот исто така ја пренесе таа дополнителна помош за израелските Одбранбени сили сега се на пат кон Израел со уште повеќе во наредните денови“.

Според деталите што ги соопшти Пентагон, САД ќе му обезбедат муниција и опрема на Израел и ќе ги зајакнат американските сили на Блискиот Исток како одговор на нападите на палестинската милитантна група Хамас.

„Владата на САД брзо ќе им обезбеди на израелските одбранбени сили дополнителна опрема и ресурси, вклучително и муниција“, навел американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, во соопштението.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Тој информираше и дека го упатил и USS Gerald R. Ford (носач на авиони) и неговите придружни воени бродови кон источниот Медитеран, и дека Вашингтон ги зголемува ескадрилите на борбените авиони во регионот.

Во разговорот со Нетанјаху, Бајден уште еднаш изразил сочувство за исчезнатите, ранетите и убиените, и разговарал за напорите да се осигура дека, како што се наведува во соопштението, „другите ривали на Израел не ја искористат ситуацијата“.

Се очекува двајцата лидери да останат во контакт во наредните денови.

Извор: МИА

- Реклама -