Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата

Вашингтон, 8 октомври 2021 (МИА) – Невакцинираните Американци се закана за економијата, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека не постои друг начин за борба против пандемијата освен вакцинацијата.

„Факт е дека ова е пандемија на невакцинираните. Тие ги преплавија нашите болници, одделенија за итни случаи и единици за интензивна нега. Невакцинираните пациенти не оставаат простор за оние кои имале срцев удар или имаат потреба од операција. Невакцинираните, исто така, ја доведуваат нашата економија во ризик, бидејќи луѓето не сакаат да излегуваат. Размислете, дури и на места каде што нема ограничувања за посета на ресторани, спортски сали и кина, луѓето не одат затоа што се загрижени дека ќе се разболат“, рече тој.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Пред еден месец, Бајден објави дека ќе ги задолжи директорите на компаниите да бараат нивните вработени да бидат вакцинирани против вирусот. Тој додаде дека се развиваат упатства за итни ситуации. Тие ќе бараат од работодавачите со повеќе од 100 вработени да се осигураат дека нивните работници се целосно вакцинирани или тестирани негативно за Ковид-19 барем еднаш неделно.

Бајден најави и задолжителна вакцинација за сите вработени во федералната влада.

- Реклама -