Бајден „подготвен на средба со Путин“ ако со тоа се стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина. Но, Бајден додаде: „Тој сè уште не го сторил тоа“.

Бајден ги опиша акциите на Русија во Украина како „болни“ и рече дека засега нема планови да контактира со Путин.

Ова Бајден го изјави за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, на која двајцата лидери ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина.

Двајцата претходно ветија дека Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина.

МИА

Прочитајте и:  Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста
- Реклама -