Бајден: Путин и пандемијата се виновни за рекордната инфлација во САД

Рускиот претседател Владимир Путин и пандемијата на Ковид се причините за рекордната инфлација во САД, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден. Зголемувањето на цените, додаде, нема никаква врска со политиката на неговата администрација, пренесе Fox News.

„Знаеме дека американските семејства се борат со зголемените цени. За да биде јасно зошто цените сега се високи, постојат две причини. Првата е поради начинот на кој функционира глобалната економија. Пандемијата направи бројни прекини во синџирот на снабдување, а синџирот на снабдување е многу важен, бидејќи материјалот доаѓа од целиот свет“, рече Бајден.

Како втора причина тој го наведе својот руски колега.

„Втората причина, големата причина за инфлацијата е Владимир Путин. Цената на гасот над доларот дојде откако ги стави своите војници на границата со Украина. Таа отиде на долар и пет центи“, рече Бајден.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат
- Реклама -