Бајден во Нормандија ја спореди нацистичка Германија со современите диктатори

Американскиот претседател Џо Бајден во својот говор во Нормандија како дел од 80-годишнината од Денот Д, ја спореди денеска заканата од тогашната нацистичка Германија со заканата од диктаторите и авторитаризмот за денешниот свет.

Целта на вториот говор на Бајден во Нормандија, каде што престојува втор ден, беше да ја зајакне поддршката за Украина, но и, како што се верува, да ги осуди изолационистичките тенденции на Доналд Трамп, ривал на претседателските избори на 5 ноември. .

Бајден ги повика Американците да се сеќаваат на војниците (ренџери) чие херојство на Денот Д помогна да се обезбеди успех на инвазијата.

„Денеска се собираме овде не само да им оддадеме почит на оние кои покажаа извонредна храброст на тој ден, 6 јуни 1944 година, туку да го слушнеме ехото на нивните гласови. За да ги слушнеме. Тие не бараат од нас да се искачиме на овие карпи. Тие бараат од нас да останеме верни на она за што се залага Америка“, рече Бајден.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Целта на Бајден беше да покаже „нишка“ од Втората светска војна, преку Студената војна и формирањето на НАТО алијансата, до сегашната војна меѓу Русија и Украина, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Бајден е во петдневна посета на Франција, ретко патување во странство во изборна година во која се соочува со тесна трка против поранешниот претседател Трамп, републиканец кој се закани дека ќе го искористи својот втор четиригодишен мандат за да ги казни политичките ривали и да ги депортира имигрантите и преобликуваат глобалните сојузи.

- Реклама -