Балетот ја менува структурата на мозокот

Научниците  докажаа промена на мозокот на балерините, која им помага да ги надминат вртоглавиците. Благодарение на напорните вежби, се менува и структурата на мозокот, открија научниците.

Со години оваа  промена настапува во мозокот. Тој почннува да ги  игнорира сигналите кои доаѓаат од страна на органот на рамнотежата – внатрешното уво, соопштуваат водечките истражувачи  во списанието Cerebral Cortex.

Кај повеќето луѓе премногу брзото вртење предизвикува вртоглавица: Флуидот  во внатрешното уво продолжува да се движи, дури откако ќе  запре, исто  како што кафето продолжува да се врти во чашата, дури откако ќе престанете да го мешате.

Оттука и чувството на ротација.

„Вртоглавицата е чувство дека продолжуваме да се движиме, а всушност сме застанале. Но, балерините изгледа се однесуваат како да не им се врти во глава. Сакавме да разбереме зошто и да видиме дали тоа ќе може да  помогне на нашите пациенти “, вели д-р Бари Сиjмунгeл од Imperial College во Лондон.

Научниците спроведоа истражување со група од 29 класични балерини и група од 20 млади жени кои се занимаваат со веслање, на возраст и со физичка форма, слична на онаа на балерините.

Доброволките биле ставени врз стол кој се врти и во целосен мрак.  Ова овозможило  да се измери како времетраењето така и интензитетот на вртоглавица.

Истражувачите ги набљудувале очните рефлекси, предизвикани од внатрешното уво, а потоа  мозокот на учесничките со магнетна резонанца.

Танчерите  покажале одржливи и  пократки манифестации на симптомите (вртоглавица, очни рефлекси), од оние кои се занимавале со веслање, а научниците, исто така,  откриле значајни разлики меѓу двете групи во областа на малиот мозок.

„Балерините не чувствуваат вртоглавица, бидејќи мозокот им се прилагодува со текот на времето, па ги отфрла овие информации”. Ако можеме да ги идентификуваме и контролираме истите области на мозокот во нашите пациенти со хронична вртоглавица, можеме да започнеме да  сфаќаме како најдобро да се однесуваме кон нив “, велат научниците.

- Реклама -