Мислевте дека веднаш пукаат? Се лажете.
Кога ќе слушнете на прогноза дека температурите паѓаат под нулата, малкумина од нас помислуваат на правење балони од сапуница.
Сепак, тоа е забава за лето, на плажа или во најблискиот базен.
Но, фотографката од Вашингтон Анџела Кели минатата зима реши да види што се случува со кревките балончиња на многу ниска температура.
Таа промеша детергент, овошен сируп и вода и го поведе нејзиниот 7 годишен син заедно во снегот да дуваат балони. Како што нивниот здив создавал облачиња од пареа во студениот воздух, така и балончињата се замрзнувале создавајќи прекрасни бисери.