Балотели: Ќе ја пуштам девојка ми да спие со сите фудбалери на Реал ако ја поминат Борусија

Напаѓачот на Милан, Марио Балотели не верува дека Реал Мадрид може да ја помине Борусија Дортмунд, па се пошегува дека ќе ја пушти девојка му да спие со сите фудбалери на Кралевите доколку тие се пласираат во финалето.

Реал Мадрид утре ќе има тешка мисија да ја надополни негативата од 4-1 и да се пласира во големото финале од Лигата на Шампионите.

Според Марио Балотели тоа е невозможна мисија, па контроверзниот напаѓач излезе со нов бисер во кој ја смести својата девојка Фани Негуеша.

„Доколку Реал Мадрид ја надополни негативата против Борусија Дортмунд и се пласира во финалето од Лигата на Шампионите, тогаш ќе ја пуштам мојата девојка да спие со сите нивни фудбалери” – изјави Балотели за Marca.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Моделот од Белгија, Фани Негуеша од 2012 година е заедно со Марио Балотели.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -